Концерт на класична музика со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ и диригентот Паскал Голоа | 18.11.2022

Pozadina Pascal Gallois

Концерт на класична музика со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ и диригентот Паскал Голоа | 18.11.2022

Петок 18 ноември 2022, 19 часот | Музеј на македонската борба

Паскал Голоа, Директор на Музичкиот конзерваториум Моцарт во Париз, ќе одржи мастер клас по оркестрирање со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје.

–

Паскал Голоа е повеќестран уметник и апсолутен мајстор на фаготот, инструмент за кој некогаш се сметало дека е енигматичен и бурен.

Голоа е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба.


Тој е уметник посветен на родниот град, а од 2015 година го иницираше фестивалот Musicales de Quiberon, којшто ги соединува класицизмот и модерноста.

Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија, а следејќи ја желбата да ја пренесе неговата страст за музиката, за делата како на современицитем така и на класиците.

130_14102021_Steve-Reich_010A2232-800x800