
04 Ное Концерт на класична музика со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ и диригентот Паскал Голоа | 18.11.2022
Петок 18 ноември 2022, 19 часот | Музеј на македонската борба
Паскал Голоа, Директор на Музичкиот конзерваториум Моцарт во Париз, ќе одржи мастер клас по оркестрирање со учениците од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје.
–
Паскал Голоа е повеќестран уметник и апсолутен мајстор на фаготот, инструмент за кој некогаш се сметало дека е енигматичен и бурен.
Голоа е солист, концертен изведувач и педагог, а денес сè повеќе се потврдува во диригирањето, што, всушност, претставува кулминација на неговата музичка определба.
Тој е уметник посветен на родниот град, а од 2015 година го иницираше фестивалот Musicales de Quiberon, којшто ги соединува класицизмот и модерноста.
Диригирањето е во фокусот на неговата музичка мисија, а следејќи ја желбата да ја пренесе неговата страст за музиката, за делата како на современицитем така и на класиците.
