04 Ное Француски филмски клуб: „ШТИТЕНИК“ | 20.11.2020
Во рамките на францускиот филмски клуб, се прикажуваат три проекции во Кинотеката на Северна Македонија, во периодот од октомври до декември 2020 год.:
Петок, 20 ноември 2020, 20 часот
Кинотека на Северна Македонија
► „ШТИТЕНИК“ на Матје Сапен (2018, 1ч37)
со Александра Лами и Финеган Олдфилд
Арно Жорес е 25-годишник, тазе политичар, кој, по игра на случајноста, ќе стане дел од тимот за претседателската кампања. Тој станува асистент на Ањес Караџик, одговорна за комуникација, моќна и искусна жена, која го привлекува и го фасцинира.
Телефони: 02 30 71 814, 2 30 65 968.
Одржани проекции:
Среда 21 октомври 2020, 20 часот
► „УБАВИОТ НИКАКВЕЦ“ на Лика Бернар (2017, 1ч44) со Шарл Берлен и Сван Арло
Командирот Белфроа со недоволен ентузијазам ја чека пензијата кога кражба на уметничка слика ќе го задржи неговото внимание. Дали е тоа поради елеганцијата на чинот? Храброста на прекршокот? Убавината на украденото уметничко дело? Белфроа започнува потрага на еден невообичаен крадец којшто постојано му се измолкнува.