Онлајн каталог на фондот на медијатеката

Catalogue Mediatheque

Онлајн каталог на фондот на медијатеката

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје со задоволство ви го претставува новиот онлајн каталог на фондот на ресурси достапни во нашата медијатека:

https://skopje.bibenligne.fr/

Преку оваа веб страница ќе можете да правите пребарувања во фондот на медијатеката на Францускиот институт во Скопје, да ги резервирате насловите коишто ве интересираат или да го продолжите рокот на позајмените материјали. За да можете да го направите ова, потребно е претходно да се логирате преку вашиот кориснички профил, кој се креира во моментот на упис во медијатеката.

Освен погоренаведеното, ќе можете да пронајдете и практични совети за нашите ресурси, да видите кои се новитетите, избор на наслови направен од страна на нашиот тим, како и да пристапите до програмата со анимации организирани во медијатеката…

Нашиот тим ви посакува успешна и интересна посета!

За сите дополнителни информации и прашања околу каталогот, ве молиме контактирајте нè на mediatheque@ifs.mk

36