Предавање | Историјата на Ромите на Балканот – Бернар Лори I 05.02.2026

Event Model

Предавање | Историјата на Ромите на Балканот – Бернар Лори I 05.02.2026

Четврток, 05.02.2026 I Europe House Скопје

Историја на Ромите на Балканот

од Средниот век до Првата светска војна

Францускиот институт во Скопје ве кани на предавање посветено на историјата на ромите на на Балканот, од нивното доаѓање во Средниот век до Првата светска војна.

Предавач е г. Бернар Лори, историчар, професор и признат специјалист за историјата на Балканот и малцинствата.

Тој ќе биде придружен од Едис Сујелман, активист во улога на модератор на дискусијата.

Низ темелен пристап заснован на историски извори, Бернар Лори ќе понуди долгорочно читање на ромското присуство во Балканскиот Полуостров.

Неговото излагање ќе ги посочи динамиките на адаптација, интеракција и коегзистенција помеѓу ромското население и околните општества, истовремено деконструирајќи одредени предрасуди поврзани со нивната маргиналност.

Бернар Лори е автор на трудот и „Ромите – можеби маргинализирано, но воопшто не исклучени”, објавен во специјалното издание на списанието Листуар, како и на референтното дело „Ромите на Балканот, 1280–1914″.

Ова значајно дело проследува неколку века социјална, економска и политичка историја на ромското население во регионот.

Ова предавање ќе овозможи размисла за современите предизвици поврзани со сеќавањето, идентитетот и местото на малцинствата во денешните европски општества.

Настанот е отворен за широка публика: истражувачи, студенти, наставници, културни работници, како и за сите заинтересирани за историјата на Балканот, културната разновидност и општествените динамики во Југоисточна Европа.

25 07 14 B Lory 4