Саем на студии во Франција I 28.10.2024

24

Саем на студии во Франција I 28.10.2024

Понеделник 28 октомври 2024, 12 ч. I НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

Plakat Saem Na Studii 2023 724x1024 1

Овој саем е настан од огромно значење за македонските средношколци и студенти, особено оние кои го завршиле своето образование во билингвалните франкофонски паралелки и сакаат да продолжат со високо образование  во Франција.

Ова е одлична можност да ги добијат потребните информации за студиските програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и дополнителни информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Саемот на студии во Франција ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”.

Ве очекуваме!