Саем на студии во Франција I 24.11.2026

Studii

Саем на студии во Франција I 24.11.2026

Вторник 24 ноември 2026, 11:00

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”.


Овој саем е настан од големо значење за македонските средношколци и студенти кои сакаат да продолжат со високо образование  во Франција.

Ова е одлична можност да ги добијат потребните информации за студиските програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и дополнителни информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Во продолжение, погледнете ги овогодинешните излагачи:

1.1

Висока уметничка школа БРАСАР

Една од водечките школи за креативни професии, каде што графичкиот дизајн и дигиталното творештво се преплетуваат со 3D анимација, VFX, видео игри, илустрација, концептуална уметност, веб-дизајн и аудиовизуелни уметности.

Со 15 кампуси низ Франција, училиштето БРАСАР веќе 75 години ги образува и подготвува креаторите на иднината.

1

2

KEЏ
БИЗНИС СКУЛ

КЕЏ е една од водечките приватни високообразовни институции за бизнис и менаџмент во Франција, носител на трите меѓународни акредитации AACSB, EQUIS и AMBA.

Секоја година, школата е високо рангирана меѓу најдобрите бизнис-школи, благодарение на квалитетот на студиските програми што ги нуди.

2.2

Universite Marie Et Louis Pasteur6 1200x766

Универзитет
„Мари и Луј Пастер“ – Безансон  

Универзитетот „Мари и Луј Пастер“ е државен француски универзитет основан во 1423 година, со седиште во Безансон. Тој нуди студиски програми во сите главни научни и академски области, од додипломски студии (Licence) до докторски студии (Doctorat).

Универзитетот нуди студиски програми кои ги опфаќаат медицински , општествени ,технички, правни, економски, политички науки, индустриски менаџмент, како и науките и техниките на физичката активност и спортот (STAPS).

3

4

Универзитетот „Еври Вал д’Есон“ / „Еври Париз-Сакле“

Универзитетот „Еври Вал д’Есон“ / „Еври Париз-Сакле“ е дел од престижниот универзитетот Париз-Сакле, кој е резултат на исклучителна соработка меѓу три универзитети и четири високообразовни институции, поддржани од шест национални истражувачки организации и Институтот за напредни научни студии (Institut des Hautes Études Scientifiques).

Универзитетот нуди студиски програми во сите главни научни и академски области, од додипломски студии (Licence) до докторски студии (Doctorat).

Université Evry Asperger Marc Antoine

5

Универзитет „Клод Бернар Лион 1“

Универзитетот „Клод Бернар Лион 1“ е државен француски универзитет препознатлив по извонредноста на своите студиски програми и научноистражувачката дејност во областите на науката и технологијата, здравството и спортските науки.

Распределен на 13 кампуси, Универзитетот Лион 1 образува студентки и студенти способни да ги обединат научната прецизност, креативноста и посветеноста, нудејќи им истовремено динамична универзитетска средина и богат и исполнет студентски живот.

4. Formation 594 Ko

6.6

универзитет каен – нормандија

Универзитетот Каен Нормандија е државен француски универзитет основан во 1432 година, под власта на Кралството Англија, кое во тоа време имало суверенитет над оваа територија. Тој е еден од најстарите универзитети во Франција.

Историски, на универзитетот функционирале факултети за право, уметности и теологија, како и медицина. Низ вековите, тој постепено ги проширувал своите академски области и се модернизирал.

Денес, како мултидисциплинарен универзитет, нуди студиски програми во сите главни академски области, од додипломски студии (Licence) до докторски студии (Doctorat).

6