09 Апр Анимации во Медијатеката по повод прославата на 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје
Резервирајте го вашето место на : mediatheque@ifs.mk
Четврток, 23 Мај 2024, 15:00-18:00 | Француски институт во Скопје
Посетете го Париз и разгледајте некои од неговите најпознати знаменитости на иновативен начин, преку куси видео записи во 360 степени низ очила за виртуелната реалност во реализација на Forum des images и TV5 Monde (2017).
„На врвот на Ајфеловата кула” од Рафаел Богранд
“Виртуелна прошетка на Музејот д’Орсе” од Вансен Равалек
“Зад кулисите на познатата Опера Гарние” од Рафаел Богранд
Работилницата е отворена за сите посетители на возраст над 12 години
Четврток, 30 Мај 2024, 15:00-18:00 | Француски институт во Скопје
Посетете го Париз и разгледајте некои од неговите најпознати знаменитости на иновативен начин, преку куси видео записи во 360 степени низ очила за виртуелната реалност во реализација на Forum des images и TV5 Monde (2017).
- „Прошетка по реката Сена“ од Рафаел Богранд
- „Градско собрание“ Од Ками Дуселие и Ромен Бонин
- „Во срцето на најпознатото кабаре на светот: Мулен Руж”
Работилницата е отворена за сите посетители на возраст над 12 години
Четврток, 6 Јуни 2024, 15:00-18:00 | Француски институт во Скопје
Забавна едукативна игра „Во потрага по олимписките симболи“
Забавна едукативна игра „Во потрага по олимписките симболи“
Пронајдете ги петте олимписки прстени и запознајте се со француските спортистки и спортисти кои ќе го носат олимпискиот факел преку квиз прашања и одговори, асоцијации и мемориски игри.
Играта е изработена во соработка со Меѓународното здружение на професори по француски јазик ФИПФ и Француската алијанса во Кавилам, Виши-Франција по повод Олимписките и параолимписките игри во Париз, најголемиот спортски настан во годината.
Работилницата е отворена за сите посетители на возраст над 10 години