29 Фев Гала филмска вечер „Страста на Доден Буфан“ | 01.03.2024
Премиера | Петок 1 март 2024 | 20 часот | Кино Милениум
„Страста на Доден Буфан“, француско-белгиска копродукција на Тран Ан Хунг (2023; 2h 16min.) со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Сaленже.
Францускиот институт во Скопје организира уште една гала француска филмска вечер со филм, номиниран за 3 Цезари во 2024 и лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.
Со превод на македонски јазик.
Критики во медиумите:
• Создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливото готвењето и свесната дегустација.
(„Банд а пар“)
• Предупредување: филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Сниман со неверојатна префинетост и нежност, „Страста на Доден Буфан“ е мало чудо кое ќе направи да се вљубите во двојката Жилиет Бинош и Беноа Мажимел како никогаш досега.
(„Екран ларж“)
•Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување на оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско.
(„Франс Инфо Култур“).