Гала филмска вечер „Страста на Доден Буфан“ | 01.03.2024

Pozadini Za Sajt (2)

Гала филмска вечер „Страста на Доден Буфан“ | 01.03.2024

Премиера | Петок 1 март 2024 | 20 часот | Кино Милениум

„Страста на Доден Буфан, француско-белгиска копродукција на Тран Ан Хунг (2023; 2h 16min.) со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Сaленже.

Францускиот институт во Скопје организира уште една гала француска филмска вечер со филм, номиниран за 3 Цезари во 2024 и лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.  

Со превод на македонски јазик.

Критики во медиумите:

Создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливото готвењето и свесната дегустација.

(„Банд а пар“)

Предупредување: филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Сниман со неверојатна префинетост и нежност, „Страста на Доден Буфан“ е мало чудо кое ќе направи да се вљубите во двојката Жилиет Бинош и Беноа Мажимел како никогаш досега.

(„Екран ларж“)

Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување на оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско.

(„Франс Инфо Култур“).

„Евгенија е извонредна готвачка и веќе 20 години работи кај славниот гастроном Доден. Со текот на времето, од нивната гастрономска пракса и взаемниот восхит кон храната, се раѓа љубовна врска. Од нивното единство ќе бидат создадени некои од највкусните и најпрефинети специјалитети што ќе воодушеват дури познати светски личности. Сепак, Евгенија, желна за слобода, никогаш не ќе сака да се венча со Доден. Затоа, тој одлучува да стори нешто што никогаш претходно не го сторил: ќе почне да готви за неа.“