28 Апр Концерт на француско-македонското дуо СолиПс | 4.05.2022
Среда 4 мај 2022, 20 часот | Камерна сала на Македонска филхармонија
Концерт на класична музика
Гонца Богоморова Краповска, сопран
со француско-македонското дуо Елена Стојческа – флејта и Ромен Петио – гитара
Сопранистката Гонца Богоромова Краповски и француско-македонското дуо СолиПс (флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Ромен Петио) имаат изработено модерна музичка програма во која се вткајува оригинална уметничка инспирација. Овој концерт е „сцена“ за изведба на оригиналното дело Океан во капка на македонската композиторка Дарија Андовска, специјално компонирано за овој настап. Исто така, на концертот за првпат ќе бидат изведени и две македонски традиционални композиции, преработени повторно од Дарија Андовска.
Освен дела за дуо и за соло изведба, на програмата се застапени и три француски дела: Две поеми од Ронсар на Албер Русел, извонредното дело Самогласки за соло флејта на Софи Лаказ инспирирано од поема на Артур Рембо и Мирот почива во пустина на Жан-Кристоф Роза..
Популарната Арија на Бахијана Бразилерас n°5 на Вила-Лобос ќе биде изведена во нејзината оригинална верзија за вокал и гитара.
Италијанскиот композитор Масимилијано Месиери, чие дело Сон во сон ќе биде изведено на концертот, ќе биде присутен на настанот.
Една одлична меѓународна соработка, настап на квалитетни странски и македонски уметници, внимателно избрани дела на програмата на концертот којшто ќе се одржи на 4 мај во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија.
Влезот е слободен.
Овој настан се организира во соработка со Министерството за култура на Северна Македонија и на Францускиот институт во Скопје.