50 години Француски институт | Отворање на прославата со танцовиот перформанс „Мозаик“ на Мурад Мерзуки | 17.05.2024

Pozadina Mozaik 2024

50 години Француски институт | Отворање на прославата со танцовиот перформанс „Мозаик“ на Мурад Мерзуки | 17.05.2024

Петок 17 мај 2024, 20 часот | Македонски народен театар

Танцова претстава по повод отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, во рамки на 20. издание на фестивалот „Танц Фест“ во Скопје

„Мозаик“ на Мурад Мерзуки, во изведба на групата „Кафиг“  


Со поддршка на аптеките Зегин, Публицис и Peugeot.


Во фоајето на Македонскиот народен театар ќе биде поставена ретроспективна изложба којашто го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во 2017 година, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со најновиот танцов спектакл „Мозаик“. Не пропуштајте го!

Денес Мерзуки е еден од најактуелните и најпознати француски кореографи. Француската влада му го довери создавањето кореографија за официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024, која е насловена „ Танцот на игрите“.

Мурад Мерзуки моментално е еден од најславните француски кореографи. Тој беше избран да ја сработи кореографијата за церемонијата на отворањето на Олимписките игри, насловена „Танцот на игрите“.

За триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата кореографија.

Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен, поетски и визуелен.

Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцовни средби. Секој на свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот.

Во овој уметнички преплет, кој во суштина ги содржи најдобрите точки од неговиот репертоар, Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Mosaik Site1

Во 2022 година, откако го заврши мандатот во Националниот кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предложи танцов приказ на неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да изведат неколку извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело, за првпат ќе бидат изведени на сцена.

Денес, токму со желба ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, Мурад Мерзуки го создава танчерскиот перформанс „Мозаик“. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории, кои не се исклучително танцови сали. Од „Кафиг“ (1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и останаа верни фанови на неговата уметност!

Со танцови извадоци од „Кафиг“ (1996), „Бели карти“ (2016), „Фолиа“ (2018), „Феникс“ (2022), „Бојата на калинката“ (2024).

Mosaik Site 2