50 години Француски институт | Уличен спектакл „Сонот на Ербер“ во изведба театарската трупа Кидам & Видео-мапинг на Емил Петро „Франција во светлина“ | 29.06.2024

Pozadina Quidams

50 години Француски институт | Уличен спектакл „Сонот на Ербер“ во изведба театарската трупа Кидам & Видео-мапинг на Емил Петро „Франција во светлина“ | 29.06.2024

Сабота 29 јуни 2024, 21 часот | Улица „Македонија“ и градски плоштад

ИЗМЕНА НА ДАТАТА НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАПОТ НА ФРАНЦУСКАТА ТЕАТАРСКА ТРУПА „КИДАМ“  ПО ПОВОД ЗАТВОРАЊЕТО НА 50-ГОДИШНИНАТА ОД ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ

Драги пријатели,

Францускиот институт во Скопје и фестивалот „Скопско лето“ би сакале да ве известат дека изведбата на УЛИЧНОТО ДЕФИЛЕ И ПРЕТСТАВА НА ФРАНЦУСКАТА ТЕАТАРСКА ТРУПА „КИДАМ“ (La Compagnie des Quidams), наместо вечерва, петок 28 јуни, ќе се одржи В САБОТА, 29 ЈУНИ 2024, со почеток во 21:00 часот.

Поради големо невреме во моментот на полетување од Франција, летот на гостите беше одложен за денес. Од оваа причина, настапот е преместен за утревечер.

Почетно место останува Музејот на град Скопје, низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“. Многу ви ви благодариме за разбирањето и ве очекуваме на овој спектакуларен настан.

👉 Место на поаѓање: Музеј на град Скопје
👉 Место на пристигнување и настап: Плоштад Карпошово Востание

Затворање на прославата со театарски перформанс

„Сонот на Ербер“ во изведба на театарската трупа Кидам

Во рамките на фестивалот „Скопско лето“ и со поддршка на Пежо, Публицис и Биотек.

Основана во 1994 година, од Жан-Батист Дипере, театарската трупа „Кидам“ има создадено петнаесетина дела за настап. Изведувајќи под 100 до 150 настапи годишно, уметниците на оваа трупа пропатувале низ педесетина земји ширум светот, од Костарика до Јужна Африка, преку Јапонија и Австралија.

Во визуелен, светлечки и музички свет, трупата го внесува мистичното и поетското во секојдневниот живот и, со помош на гигантски костими и преобразби, ги „запоседнува“ јавниот простор и време за да изведе вистински спектакл. Како кога тонеме во сон, така и за време на овој перформанс, секој може да ѝ дозволи на сопствената имагинација слободна интепретација на она што го гледа и од неа да создаде своја приказна.

Трупата брои триесетина уметници и техничари од различни домени (театар, танц, музика, циркус итн.). Доаѓаат вод Брес Валон, село во северниот дел на департманот Ен.

Ве очекува и големо изненадување на крајот од уличниот спектакл:

Видео-мапинг на Емил Петро
„Симфонија на светлината“
на зградата Ибни Пајко

Event Design 2 Copy