01 Окт Се што треба да знаеш за студиите во Франција
Espace Campus France
Кампус Франс е државна aгенција задолжена за промоција на француското високо образование во странство, како и за прием на странски студенти и научни работници во Франција.Истиот ја поттикнува меѓународната мобилност, ги раководи програмите за стипендија и ја анимира мрежата на поранешни и сегашни студенти во Франција (Alumni).
225 канцеларии на Кампус Франс се отворени во 124 земји во светот и претставуваат главно место за информации за студии во Франција. Одделот на Кампус Франс во Скопје е отворен во февруари 2001 година и претставува место каде што студентите може да ги добијат сите неопходни информации. Истиот се наоѓа во Францускиот институт во Скопје.
Неговата главна задача е да ги придружува идните студенти во нивните планови за студии во Франција и да им помогне :
– да ја пронајдат посакуваната студиска програма
– да ги подготват документите за запишување
– да им дадат одговори на практичните прашања, како и информации за студентскиот живот во Франција
– да ги информираат за програмите за стипендии
За да го промовира француското високо образование и за да ги презентира можностите за студирањето во Франција, одделот на Кампус Франс секоја година организира Саем на студии во Франција, и информативни предавања во средните училишта и на универзитетите како во Скопје, така и во другите градови во земјата.
Мисијата на одделот Кампус Франс не се ограничува единствено на промоција на студиите во Франција, туку истиот работи на развивање на мрежата на поранешни и сегашни студенти во Франција (Alumni), придонесува во развојот на универзитетска соработка помеѓу француските и македонските универзитети и работи на програмите за стипендии.
Закажи средба
Студирање во Франција
Француското високо образование нуди голема разноликост на студиски програми кои одговараат на модерната економска реалност.
Француските високообразовни институции се отворени за сите странски студенти кои сакаат да го продолжат своето образование во Франција. За да бидат примени, потребно е да имаат солидна кандидатура и добро да го познаваат францускиот јазик. Голем број на француски универзитети нудат програми на англиски јазик, особено за постдипломски студии (Мастер).
Постојат три вида на високообразовни институции:
– Универзитети
– Високи школи
– Специјализирани школи и институти
Запишување во прва година на студии
Запишувањето во прва година на студии на државен универзитет во Франција, оди преку поднесување на барање за прием (формулар DAP – Demande d’Admission Préalable).
Имате можност да изберете:
- една студиска програма на три различни универзитети;
- три различни студиски програми на истиот универзитет;
- три различни студиски програми на три различни универзитети.
Пријавувањето вообичаено почнува од 1 октомври, а краен рок за доставување на документи е 15 декември во Одделот Кампус Франс при Францускиот институт во Скопје (процедурата не предвидува индивидуални барања за прием во 1-ва година на универзитет).
Кандидатите треба задолжително да имаат најмалку ниво B2 во моментот на поднесување на документацијата.
Што се однесува до упис во 1-ва година на другите високообразовни институции (високи школи, специјализирани институти и сл.), критериумите за упис, роковите, потребната документација и друго се проверува на самата веб страна на институцијата.
Запишувањето на Мастер ниво на студии оди преку порталот Mon Master
На порталот можат да се најдат информации околу процедурата, како и сите програми за Мастер кои се достапни.
Вообичаено кандидатурата се поднесува од средината на февруари до средината на март, за идната академска година.година на другите високообразовни институции (високи школи, специјализирани институти и сл.), критериумите за упис, роковите, потребната документација и друго се проверува на самата веб страна на институцијата.
Стипендии
Се работи за едногодишни стипендии наменети за студенти на ниво Мастер.
Кандидати кои можат да се пријават за оваа програма на стипендии треба да бидат мотивирани, да имаат солиден успех во претходните студии и да имаат избрано домен на студии кој се смета за приоритетен за развој на земјата.
Предност се дава на студиите на француски јазик и потребно е солидно ниво на познавање на францускиот јазик. Сепак, како исклучителен случај можат да бидат разгледани барања за програми на англиски јазик, на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост на својот проект за студии во Франција и професионална кариера.
Конкурсот се објавува во март секоја година, а крајниот рок за доставување на барањето за стипендија е средината на месец мај.
Други програми за стипендии кои ви стојат на располагање:
Стипендии Ајфел
За нивоа Мастер и Докторат во домените: право и политички науки, економија и менаџмент, технички науки. Барањата за овие стипендии ги поднесува самата француска високообразовна институција.
Повеќе информации на веб страната:
Европски програми за стипендии
Програмата Еразмус + нуди стипендии за студии или пракса од 3 до 12 месеци. За повеќе информации околу размената на студенти во рамкитре на Еразмус +, контактирајте го координаторот на оваа програма ви рамките на вашиот универзитет, како и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Програмата Еразмус Мундус во рамките на програмата Еразмус+ за нивоата Мастер и Докторат ја изготвуваат најмалку три високообразовни институции од различни земји. Наставата е организирана така да се следи на најмалку два универзитети, а студентите добиваат двојна, заедничка или диплома од повеќе универзитети.
//: Пребарувачот CampusBourses го олеснува пристапот до информации за можностите за финансирање на студиите:

