Ден на отворени врати 2026

Event Model

Ден на отворени врати 2026

По повод почетокот на новата сезона културни настани, како и новата училишна година, Францускиот институт во Скопје ги отвора своите врати за ден за дружење и креативност!

Овој ден ќе ги спои културата, музиката, филмот, игрите, учењето дигиталната креативност и неформалните средби, претставувајќи го Францускиот институт како живо, отворено и партиципативно место.

Дојдете да ги откриете сите активности на Францускиот институт, да се запознаете со нашиот тим и партнери, да се сретнете со уметници и да истражите различни форми на современото творештво.

Во најава: 9 септември

Среда, 09 септември 2026 од 17h до 18h00

Изложба

Есенската културна програма ќе започне уште во среда, на 9 септември, со изложбата на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, поставена во излогот на Францускиот институт.

Во знак на најава на утрешниот отворен ден, 10 септември!


468435287 10162316031159138 3145986903071809389 N


ДЕН НА оТВОРЕНИ ВРАТИ:
10 СЕПТЕМВРИ

Четврток, 10 септември 2026 | 11:00 – 17:00 часот


a. Детско читачко катче

Четврток, 10 септември 2026 | 11:00

Запознавање со книги за деца низ билингвални читања на француски и македонски јазик, избор на сликовници и извадоци од романи достапни во нашата медијатека.

561818263 1204242015063270 1178325684047849682 N


b. Квиз

Францускиот јазик и култура

Четврток, 10 септември 2026 | 12:00 – 12:30 часот

Учесниците ќе бидат поделени во тимови и ќе решаваат загатки и прашања во врска со францускиот јазик, Париз, гастрономијата, филмот, спортот и познатите личности од Франција.

Публика : основци и средношколци.

484615933 1041349268019213 4528346198667086386 N



c. Посета

Водена посета на Францускиот институт, наменета особено за средношколци, преку која посетителите ќе можат да ги откријат различните простори и бројните активности на Институтот.


Наменета за сите возрасти.


601343774 1261882719299199 7594424413719893283 N

ДЕН НА оТВОРЕНИ ВРАТИ:
10 СЕПТЕМВРИ

Четврток, 10 септември 2026 | 16:30 – 17:15 часот

Францускиот институт за првпат ќе ги прикаже сите видеа реализирани во рамките на проектот „Жените и уметноста“, посветен на неколку македонски уметници.

По проекцијата, публиката ќе има можност да разговара со учесничките во проектот, уметниците и авторите на видеата:

Оваа неформална средба ќе отвори простор за разговор и размислување за местото на жените во уметноста, нивните професионални патишта и искуства.


Screenshot 2026 08 20 170500

JPO : 10 septembre

Четврток, 10 септември 2026 | 17:00 – 18:00 часот

За да го заокружиме денот во празнична атмосфера, ве покануваме на опуштено дружење со француска музика.

Дегустација на француски тарт и други специјалитети подготвени од членовите на тимот, мадлени, колачиња и други слатки, како и овошни сокови .


Screenshot 2026 08 20 171422

Други активности:

Француска музика

Селекција на француска музика ќе го придружува целиот настан уште од отворањето со цел пријатен амбиент.

Катче за друштвени игри

Во текот на целиот ден ќе биде отворен простор посветен на друштвени игри.

Дигитален партиципативен панел: „Францускиот институт во иднината“

Преку QR-код, посетителите ќе можат да ги споделат своите идеи и желби за идните активности на Институтот. Каков настан би сакале да се организира во Францускиот институт? Кои теми ве интересираат најмногу? Какви настани ви се допаѓаат ?

Колективна изработка

Во просторот во нашата медијатека каде претходно се наоѓаа филмовите и музиката ќе биде поставена голема ролна хартија на која секој од вас ќе може да остави порака, цртеж или збор за Францускиот институт.

Катче за информации во врска со часовите по француски јазик

Во текот на целиот ден, посетителите ќе можат слободно да разговараат со тимот на Францускиот институт, наставниците по француски јазик, поранешни студенти кои престојувале или студирале во Франција со стипендија, како и со претставници на Катедрата за француски јазик.