Патувачки колекции

Pozadina Biblionef

Патувачки колекции

Избрани тематики: приказни, стрипови, класици, романи, филозофија за млади, екологија… и многу други!

Во текот на учебната година, Францускиот институт им става на располгање на училиштата и на професорите по француски јазик 14 тематски колекции на француски книги наменети за млади со следните цели:

  • поттикнување на интересот на учениците за францускиот јазик и за читање
  • шаренолика понуда и целовистост на програмата во текот на училишна настава на француски јазик
  • потпомагање на учениците во структурирање на нивнте знаења на светот околу нив

Погледнете ги 14-те колекции на квалитетни наслови.
Секоја колекција содржи посебно досие со образложение и предлози за педагошко коритење.

Бонус: секој професор ќе добие бесплатни книги за користење во текот наставата.

За да можете да ја искористите оваа можност, потребно е секој професор на направи резервација на колекцијата книги за која е заинтересиран и за одреден период (најмногу 3 недели) и за таа цел да направи побарување на следниот мејл: education@ifs.mk

Со поддршка на Biblionef.