Бесплатни француски и франкофонски филмови на IFCinéma

Ifcinema

Бесплатни француски и франкофонски филмови на IFCinéma

Од 12 јуни до 13 јули, имате можност бесплатно да погледнете избор на филмовиод каталогот на Францускиот институт во Париз преку платформата  IFCinéma!

Во период кога кино-салите се затворени низ целиот свет, Францускиот институт ви предлага да погледенте неколку долгометражни и кусометражни филмови во француска и франкофонска продукција, а дел од нив се со англиски титл.

Направете си домашно кино со анимирани филмови, фикција и документарци за возрасна и млада публика!

Филмови достапни за Северна Македонија:

– долгометражни: „Бели витези“, „Корпорејт“, „Рафики“, „Кекете“ (фикција), Зрна (документарец), Слика (анимиран) ;

– кусометражни: „Сетило за допир“, „Велосипедот на слонот“, (нем), „Кафез“ (нем), „Месар со зборови“, „Малика и вештерката“, „Модерниот скејт“, „Девојките“, „9.58“, „Осум“, „Данк“ и „Арфика на Сена“.