„Фото-графички експерименти“ на Ана Трајковска и Јана Луловска I до 31 јануари 2025

25

„Фото-графички експерименти“ на Ана Трајковска и Јана Луловска I до 31 јануари 2025

Отворање :четврток 07 ноември 2024, 18 ч.  I во излогот на Француски институт во Скопје

Sans Titre6

Францускиот институт во Скопје ве поканува да ги запознаете делата на две талентирани млади уметници.

Станува збор за дело преку кое ќе го откриете Париз низ уникатниот уметнички пристап на две уметници-визионерки, едната фотографка, а другата графичарка.

Нивниот проект произлегува од двомесечниот престој во резиденцијата „Cité des Arts“ во Париз и претставува истражување на безвременските културно-историски знаменитости и архитектуртата на градот, која ги спојува минатото и сегашноста.

„Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз и, низ призмата на колаборативна уметност, повикува на размислување за невидливите слоеви на градот скриени под површината.