26 Фев Педагошка обука BELC – Летен универзитет 2024 I јули 2024, Франција
За професори во франкофонските билингвални паралелки во средни училишта по француски и други наставни предмети на француски јазик (математика на француски) кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation
Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик (математика на француски), во франкофонските билингвални паралелки во средните училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation, можат да се пријават за учество на педагошката обука BELC – Летен универзитет 2024 во јули во Франција.
За да учествувате;
Испратете писмо за мотивација (1 стр.) заедно со биографија (CV) на адресата education@ifs.mk , најдоцна до 10ти март 2024
*Наскоро, ќе бидат објавени повеќе детали во однос на времето и местото во кое ќе се одржува обуката
Трошоците за обуката, сместувањето, исхраната и превозот ќе бидат преземени од страна на француското Министерство за Европа и надворешни работи и Францускиот институт во Скопје.