
15 Сеп Мултимедијален спектакл во рамките на БЕЛА НОЌ I 4.10.2025
Во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината“

Работилници
Старата чаршија е најстарото и најпривлечниот дел од градот за посетителите , денес класифициран како кутлурно-историско наследство , претставувајќи мултикултурно катче каде народот од различни етнички заедници и верска исповест коегзистира.
Проектот се заснова на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, промовирајќи ја разноликоста како вистинско богатство на културното наследство. Суштината на проектот е да им овозможи на младите да ја претстават историјата, сегашноста и својата визија за иднината на овој мултикултурен бисер.
– Видео работилници
Анимирани од Леонор Мерсие, француска режисерка на документарни филмови, со учество на студентите од Факултетот за драмски уметности на Скопје, користејќи техники на документарно раскажување и мултикултурен пристап кон наследството;
– Работилници за фотографија
водени од Хајнрих Холтгреве, германски фотограф, со учество на студентите од Факултетот за ликовни уметности на Скопje, со цел да се да се долови вкрстувањето на културите во сегашноста во Старата скопска чаршија.
– Историски работилници
водени од Данијла Николова, историчарка специјализирана за османлискиот период, со учество на студентите од катедрата за историја во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје, со цел реализација на заедничка презентација на историјата на Старата чаршија и нејзините анегдоти;
– Книжевни работилници
предводдени од Аријан Жус француска писателка, со учество на студентите од Филолошкиот факултет: креативно пишување на темата културно наследство и употреба на повеќејазични наративни техники.
– Архитектонски работилници
анимирани од страна на Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонскиот факултет на Скопје, со учество на студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје, со цел дискусија за перспективите во иднината на овој градски бисер.

НАСТАНИ:
Вторник 30 септември 2025, 10 ч.| Europe House Skopje
Конференција со цел презентација на глобалните насоки на проектот пред учеснициите ( присуство со покана)
Сабота 4 октовмри 2025 I 20 ч. | Сули Ан
Финална вечер и мултимедијален спектакл во рамките на БЕЛА НОЌ
Презентација на сработеното од работилниците во формат на литературни читања, видео проекции, изложба, дискусија итн…
Слободен влез
21h30 | ДЏ сет на еминентни ДЏи во знак на затворање на проектот и во рамките на БЕЛА НОЌ
Настап „Париз-Скопје-Берлин“ на ДЏ Женева (ФР), Дарко Јорданов (МК) и Бојан Јанев ( Скопје-Берлин)
Вкез: слободен
Во соработка со Скопска чаршија, Општина Чаир и Бела ноќ