Гала филмска вечер со „Франс“ | 1.12.2021

Film France

Гала филмска вечер со „Франс“ | 1.12.2021

Среда 1 декември 2021, 20 часот | Кино „Милениум“

 

Францускиот институт во Скопје ве кани на гала филмска вечер со проекцијата на:

„ФРАНС“ (2021)

на Бруно Димон, со Леа Сејду, Бланш Гарден, Бенжамен Бјоле

Филмот го раскажува брзиот живот на млада популарна новинарка, која на врвот на славата, навлегува во вителот на редица настани што ја повлечат по вртоглава удолница.

„Франс“ е портрет на младата Франс, жена, а воедно и телевизиска новинарка, Французинка која му припаѓа на цел еден изграден систем, оној на медиумите.

Со превод на македонски јазик.

Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.

За да присуствувате на гала филмската вечер, ве молиме да резервирате бесплатни билети на следната мејл адреса: culture@ifs.mk

Едно лице има право да резервира 3 бесплатни билети.

Проекцијата ќе се одржи во согласност со здравствените Ковид протоколи.

Со поддршка на Зегин и на Младинскиот културен центар.

 

Критики во француските медиуми:

„Бруно Димон и’ подарува можност за одлична филмска улога на Леа Сејду, жена уништена од светот на медиумите во којшто таа самата се затворила.“ (Le Monde)

„Комплексниот приод на Димон умее на еден неприкосновен начин да ги прикаже убавината, светлината и чистотата онаму каде се најпотребни.“ (Les Inrockuptibles)

„Со филмот „Франс“, Бруно Димон реализира една остра и виртуозно направена сатира на денешниот свет преку ликот на популарна новинарка на канал за вести, во маестрална изведба на Леа Сејду.“ (La Croix)