Филмска вечер „Дамјен сака да го промени светот“ | 4.02.2022

Damienveutchangerlemondesite

Филмска вечер „Дамјен сака да го промени светот“ | 4.02.2022

Петок 4 февруари 2022 година, 20:00 часот | Кинотека на Северна Македонија

 

„Дамјен сака да го промени светот“

од Гзавие де Шоуденс (2019), со Франк Гастамбид, Мелиса Созен, Гренж

Во продолжение на Ноќта на идеите, Францускиот институт ви предлага да ја погледнете оваа одлична комедија. Не пропуштајте!

 

Дамјен и сестра му Малени имале среќно детство и родители кои умееле да се изборат за нивните права. Кога мајка им одеднаш ќе почине, семејството го губи својот активистички дух. Дваесет години подоцна, Дамјен работи како педагошки асистент во едно основно училиште и води миран живот. За да ги спаси еден од неговите ученици, Базад, и неговата мајка од протерување од земјата, Дамјен се враќа кон корените и ги убедува сестра му Мелани, која работи како позната адвокатка,  најдобриот другар Руди и неколку другари да му помогнат во неговата борба. Заедно, тие ќе го прекршат законот поради солидарност.