Филмска вечер за деца и млади | 21.12.2021

Soireejeunesse2021

Филмска вечер за деца и млади | 21.12.2021

ВТОРНИК 21 декември 2021 | Кинотека на северна македонија

Вечер за деца и млади

За крај на годината, Францускиот институт во Скопје ви предлага вечер посветена на младите и оние што се чувствуваат така, со еден особено интересен анимиран филм на Реми Шаје и со одлична комедија претставена на официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година.  

Вторник 21 декември 2021 година | Кинотека на Северна Македонија

18:00 Ч. – „КАЛАМИТИ ЏЕЈН“

Анимиран филм на Реми Шаје (2021)

1863, САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн.

Вторник 21 декември 2021 година | Кинотека на Северна Македонија

20:00 ч. – „АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ“

на Каролин Вињал (2020), со Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот

Со месеци Антоанета го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него! Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе и’ се придружи во текот на ова оригинална авантура.

Резервации во Кинотеката ; тел.: 2 30 71 814 ; 02 30 65 968 ; 02 306 59 68 ; мејл: kinoteka@ukim.edu.mk