Недела на џезот | Квинтетот Белмондо на Скопски џез фестивал | 17.10.2020

Skopjejazzfestivalbelmondo

Недела на џезот | Квинтетот Белмондо на Скопски џез фестивал | 17.10.2020

Концерт на францускиот квинтет Белмондо
Сабота 17 октомври 2020, Национална Опера и Балет

Лионел Белмондо – тенор и сопран саксофон, флејта
Стефан Белмондо – труба, флигел хорна
Лоран Фишелсон – пијано
Сиолвен Романи – контрабас
Тони Рабсон – тапани

Има ли некој кој не ги познава браќата Белмондо?
Стефан, со стилската возбудливост на Чет Бејкер и Фреди Хабард, еден од најлиричните трубачи во светот и најпочитуваните музичари од оваа страна на Атлантикот. Лајонел, саксофонистот кој ја обедини музиката на Лили Буланже и Јусеф Латиф, поврзувајќи ја спиритуалноста на Колтрејн со француските литургиски традиции.

Повеќе од четврт век двајцата исклучителни музичари минуваа низ голем број музички авантури, бескомпромисно поддржувани од нивната група, од најблиските соработници. Денес, со сето искуство зад себе и верноста на своите принципи, тие храбро ја оживуваат легендата на квинтетот, вклучувајќи го овојпат во него и извонредниот пијанист Лорен Фикелсон.

Браќата Белмондо имаат настапувано на сите најголеми светски џез фестивали и се здобија со сите најпрестижни награди. Нивниот дискогафски опус е огромен и ги вбројува и плочите снимени со великаните на џезот: Ди Ди Бриџвотер, Мишел Легранд, Гил Еванс, Стефан Грапели, Џеки Терасон, Јусеф Латиф, како и со големиот бразилски пејач и композитор Милтон Нашименто.

Квинтетот Белмондо практично е ол-старс бенд со ретка спиритуална енергија која ќе ве потсети на Џон Колтрејн и ќе ве остави без здив.

Концертот не смеете да го пропуштите ; билетите во проидажба на Mktickets : https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=3593

Со учество на Францускиот институт во Скопје.