Конференција и средба посветени на иновацијата, претприемништвото и креативните индустрии во Франција I 28.10 и 29.10.2025

Exposition, Performance Et Rencontre

Конференција и средба посветени на иновацијата, претприемништвото и креативните индустрии во Франција I 28.10 и 29.10.2025

Францускиот институт во Скопје има чест да ве покани на два настани посветени на светот на иновациите, претприемништвото и креативните индустрии во Франција!

📅 28 октомври 2025 | 10h30-18h00 | Aрена Борис Трајковки

Конфернција на тема: Иновации во креативните индустрии и циркуларната економија

📅 29 октомври 2025 | 19h00 – 20h15 | Europe House – Скопје

Средба на тема: „Францускиот екосистем на иновации: искуства, стартапи и можности”

*со симултан превод

Културни и креативни индустрии

Вторник 28.10.2025 I 10:30 – 18:00 I Aрена Борис Трајковки

Настанот „Иновации во циркуларната економија и креативните индустрии”, што ќе се одржи во Скопје од 27 до 30 октомври 2025 година, ќе ги состане на едно место локалните и меѓународните дејци во доменот , за размена на идеи околу предизвиците на еколошката транзиција и креативноста, со цел да се поттикне локалната и европската динамика во насока на еколошката и дигиталната транзиција.


Францускиот институт во Скопје се приклучува на оваа иницијатива со присуство на неколку француски експерти кои ќе учествуваат на стратешки панел дискусии.

– Првиот панел ќе има за цел го претстави екосистемот на стартап компаниите во Франција, со цел да се споделат добрите практики и да се инспирираат македонските компании.


– Вториот панел ќе биде посветен на финансирањето на стартап компаниите, каде што француски експерт ќе ги презентира механизмите за поддршка на иновациите и претприемништвото.


– Третиот панел ќе ја истражи улогата на вештачката интелигенција и дизајнот во циркуларната економија, со учество на реномиран француски специјалист во доменот.

Овој настан е организиран во соработка со Енерготехнома, Европски институт за иновации и технологија и Акцелераторот УКИМ и е дел од големиот проект на ФЕФ „Дигитални уметности, иновации и млади”.

Организирано од Бизнис Акцелератор УКИМ како иницијатива на ЕИТ заедницата во Северна Македонија во соработка со Францускиот институт во Скопје, Енерго Технома и МАМЕИ

сРЕДБА: Францускиот екосистем на иновации: искуства, стартапи и можности

Среда 29.10.2025 I 19:00 I Europe House

Средба на тема: „Францускиот екосистем на иновации: искуства, стартапи и можности”

За подетална дискусија и директна размена на искуства со француските гости, приклучете се на оваа дебата наменета за студенти, млади претприемачи и сите заинтересирани за иновации и стартапи.

Гостуваат тројца реномирани француски експерти кои ќе ги споделат своите искуства и визии за иновациите и претприемништвото:

🔹 г. Абинав Агарвал, основач и извршен директор на Frugal Company, Fluid AI – компанија специјализирана за дигитална трансформација на претпријатијата преку примена на напредна вештачка интелигенција

🔹 г. Жаки Узиел, финансиски експерт и советник, специјалист за финансирање на стартапи и иновации

🔹 г. Антони Фремо, коосновач на Ligamen и креатор на Talent Trees, дигитална платформа која им помага на организациите да ги идентификуваат, визуелно прикажат и развијат талентите и знаењата на своите тимови

Не пропуштајте ја уникатната можност за директна размена на идеи со успешни француски претприемачи!