КИНО СРЕДБИ I Романот за Џим (2024) I 19.02.2026 I Кинотека

Coversite

КИНО СРЕДБИ I Романот за Џим (2024) I 19.02.2026 I Кинотека

Четврток 19 февруари 2026 | Кинотека

Прво издание на  „Кино средби” 

во Кинотека

Прво издание на на месечните кино-средби во Кинотека, каде што ќе се прикажуваат современи француски филмови како и големи класици на француската кинематограија.

Оваа средба е наменета за широка публика, со посебен акцент на младите и децата, со цел да им се доближи богатството и разновидноста на француската седма уметност.

Уникатна можност за сите љубители на филмот, да откријат нови француски филмски ремек-дела !

романот ЗА Џим (2024)

од Арно Ларје, Жан-Мари Ларје, со Карим Леклу, Летиција Дош, Сара Жиродо.

Прeмиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, филмот потоа беше номиниран за наградите Lumières de la presse étrangère за наjдобар филм и наjдобар актер. Освен тоа доби и Цезар за наjдобар актер 2025, доделен на актерот Карим Леклу.

Синопсис:

Ајмерик случајно ја среќава Флоранс, поранешна колешка од работа, на една забава во Сен-Клод во Горна Жура. Таа е во шестиот месец од бременоста и е сама. Кога се раѓа Џим, Ајмерик е постојано до неа. Тие заедно поминуваат години, сè додека еден ден не се појави Кристоф, биолошкиот татко на Џим… Тоа може да биде страотен почеток на мелодрама, но е и почеток на една одисеја за татковството.

Што напишаа медиумите:

„Браќата Ларје создаваат нова филмска слика без било какво било украсување, фокусирана на обичните луѓе во секојдневието.” – Ле Монд

Адаптација на романот на Пјерик Баји, „Романот за Џим” е широка и длабока мелодрама за татковството, каде сите ликови интензивно постојат. ( Ле Паризјен)