Средба со Дина Дума и Тереза Лазарева | 25.10.2022

Pozadina Dinaduma

Средба со Дина Дума и Тереза Лазарева | 25.10.2022

Средба со две млади уметници по нивниот престој во ФранцијаR

Дина Дума, режисерка, и Тереза Лазарева, танчарка

Вторник 25 октомври 2022, 17 часот | Француски институт во Скопје

Дина Дума, млада режисерка и наградена авторка на филмот „Сестри“, на нејзино големо задоволство, престојуваше во Франција, на резиденција за пишување на филм, којшто го доби како награда од Канскиот филмски фестивал.

Тереза Лазарева е млада уметница и танчарка, којашто беше избрана во рамките на „Театроскоп“, регионален проект за соработка на полето на сценските уметности помеѓу Франција и земјите од Југоисточна Европа, а зеде учество во обуката Кампинг 2022, а организирана од Националниот центар за танц на Франција.

Овие две уметници со нас ќе го споделат искуството и ќе разговараат со присутната публика.