14 Дек „Франц“, филмска проекција во чест на Елисејскиот договор | 22.01.2021
Одбележување на француско-германското пријателство
Проекција на филмскот ремек-дело на Франсоа Озон на ТВ24, во чест на потпишувањето на Елисејскиот договор
„Франц“ (2016, 1h53), со Пола Бир и Пјер Нине
Петок 22 јануари 2021, 22:30 часот | ТВ 24
Амбасадите на Германија и на Франција во Северна Македонија секоја година заедно го одбележуваат потпишувањето на Елисејскиот договор, кое се случи на 22 јануари 1963 година. Годинава, поради санитарната состојба, двете Амбасади ќе го прикажат познатиот филм на Франсоа Озон, „Франц“, на каналот на ТВ 24.
По завршувањето на Првата светска војна, во еден мал германски град, Ана секој ден го посетува гробот на нејзиниот вереник Франц, којшто загинал на францускиот фронт. Еден ден, младиот Французин Адриен се поклонува на гробот на неговиот германски пријател. Оваа посета, што се случува по германскиот пораз, ќе предизвика многу силни реакции во градот.