23 Сеп Перформанс: НАШАТА ИДНИНА I 22.11.2025 I Неготино
Во рамките на проектот „Дигитална уметност, иновации и млади“ кој ќе се одржи во Неготино, од четврток 13 до вторник 25 ноември 2025. 
Перформанс кој ги соединува 
науката и уметноста
нашата иднина
Сабота 22 ноември 2025, 20 ч.
В0 изведба на Тјери Поке, француски режисер, и Ерик Лонгсворт, американско-канадски виолончелист и композитор.
Тјери Поке се инспирира од неколку креативни проекти реализирани во соработка со научници (астрофизичари, филозофи, инжиниери во областа на роботиката итн.) за да ги сподели своите размислувања и своето сфаќање на она што е другоста (*филозофски концепт за она што е различно од нас) . Тој се прашува како ние како луѓе се поврзуваме и разбираме со она што не сме ние.
Тој испреплетувајќи раскази, поеми, видеа и музика, поставува прашања за односите меѓу луѓето и другите видови (растителни, животински, минерали, микроорганизми). Воедно ја истражува и поврзаноста меѓу реалните објекти и дигиталните траги во нашето секојдневие, современите технолошки трансформации и вештачката интелигенција.

