Вкусот на Франција | 14 – 22.10.2021

Goutdefrance2021

Вкусот на Франција | 14 – 22.10.2021

Големиот меѓународен настан Goût de/Good France (Вкусот на Франција), празник на француската гастрономија, годинава со шесто издание!

Goût de/Good France 2021 ја поставува француската кулинарска уметност на почесно место на сите пет континенти.

Овогодишното издание на „Вкусот на Франција“ ќе се одржи од 14 до 22 октомври 2021 година.

Ресторанот на винаријата „Тиквеш“ и францускиот готвач Никола му се придружуваат на овој голем настан и ве покануваат да уживате во еден типична француска вечера в петок, 22 октомври 2021 година.

Потребна е претходна резервација директно во ресторанот.

T. Martrou – CRT Centre-Val de Loire