04 Окт Изложба „Неонска рефлексија“ | 6.10 – 15.11.2021
- Уметничка инсталација „Меѓузвездена истражувачка станица, Концепт 1“, дел од изложбата „Неонска рефлексија“ на Антонио Пирковски, куратор Кристина Глигоровска
Галеријата Акантус реализира проект од областа на современата уметност, насловен како „Излогот како уметнички медиум“, во рамките на кој е се поставени уметнички инсталации во излозите на Францускиот институт во Скопје и во Нано бар.
Францускиот институт му се приклучува на овој проект преку поставување на светлечката уметничката инсталација „Меѓузвездена истражувачка станица, Концепт 1“, дел од изложбата „Неонска рефлексија“ на Антонио Пирковски, на македонскиот уметник Антонио Пирковски, чија инаугурација се одржа в среда, 6 октомври 2021, во 18:30 часот.
Куратор на изложбата е Кристина Глигоровска, моден теоретичар и претседател на Асоцијацијата за промоција на визуелната култура – СТУДИО ВИРТУ.
На покана на кураторката и галеријата Акантус, Солин Д’Абовил, француска дизајнерка, сценографка и специјалистка за дизајнирање излози, зеде учество на панел дискусијата во Europe House, на 6 октомври 2021, насловена како: „Излогот како алтернативна уметничка галерија“, која е достапна на следниот ЛИНК.