
04 Јул Протокол за прием на посетители во Францускиот институт во Скопје
Приемот се врши во редовно работно време, од 11:00 до 18:00 ч.
Со цел превенција од ширење на коронавирусот, ги замолуваме посетителите да влегуваат еден по еден во просториите на Институтот и воедно да одржуваат 2 метри растојание со друго лице.
Го замолуваме секое лице кое ќе влезе во Институтот да носи заштитна маска и при влегување да направи дезинфекција на рацете.
Приемот на институтот е отворен за:
- Враќање и позајмување книги и други материјали од медијатеката
- Плаќање за часовите по француски јазик
- Подигнување на дипломи ДЕЛФ/ДАЛФ
Читање или користење на материјали во Институтот не се дозволени.
Сите потребни информации можете да ги добиете на телефон (02 3 118 503) или преку мејл: info@ifs.mk
Ви благодариме за почитувањето на назначените мерки.