06 Мар „Пишувачка страст“, емисија по повод 200 години од раѓањето на Гистав Флобер | 20.04.2021
Вторник 20 април 2021, 13:25 ч. | Македонска телевизија
Емисија по повод 200-годишнината од раѓањето на Гистав Флобер, реализирана од страна на тимот на магазинот Фигаро
Францускиот институт во Скопје, во соработка со редакцијата на Фигаро, ви предлага специјална емисија посветена на 200-годишнината од раѓањето на авторот на „Мадам Бовари“.
Емисијата содржи репортажа во Музејот Флобер во Руан (родната куќа на Флобер и Музеј на медицината), средба со Иван Леклер, Директор на Центарот Флобер, професор на Универзитетот во Руан со 30-годишна посветеност на Флоберовата книжевност и еден од најголемите француски специјалисти по ова прашање, потоа психолошки портрет на ликовите на Флобер, читање текстови од актери во книжевни претстави во парискиот Лавоар Модерн, музички интермеца со млад пијанист и други изненадувања.
Не пропуштајте ја!