Концерт по повод отворање на фестивалот Скопско лето и затворање на Француското претседателство со ЕУ | 21.06.2022

Concert Pfue Site

Концерт по повод отворање на фестивалот Скопско лето и затворање на Француското претседателство со ЕУ | 21.06.2022

Вторник 21 јуни 2022, 20:30 ч. | Национална опера и Балет

По повод отворањето на Фестивал Скопско лето и во знак на затворање на Француското претседателство со Советот на ЕУ, AАмбасадата на Франција цо Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје организираат голем концерт во соработка со оркестарот FAME’S Project и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.

Европски Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ’С

Диригент: Тимоти РЕДМОНД

Оркестарот е составен од 34 млади музичари кои доаѓаат од различни европски земји и од регионот.


На програмата : Жозеф Болоњ, Ребел, Дворжак, Моцарт, Уајтер-Џонсон, Сибелиус, Хонегер, Копланд   

Фаме’с проект е оркестар основан од двајца Французи во Северна Македонија, специјализиран во областа музичката продукција. Оркестарот брои повеќе од триесет млади музичари кои снимаат изведби под диригентската палка на славниот британски диригент Тимоти Редмонд, а во рамките на европски проект поддржан од програната Креативна Европа на ЕУ.

Одличната соработка со овие млади уметници резултира со концерт во чест на Претседателството на Франција со ЕУ и во знак на отворање на фестивалот Скопско лето.

За повеќе информации околу влезниците за концертот, ве молиме контактирајте нè на следната мејл адреса: culture@ifs.mk