Инсталација и уметничка средба I СТРАВ ОД ЉУБОВ I 23.09.2025

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Инсталација и уметничка средба I СТРАВ ОД ЉУБОВ I 23.09.2025

Во рамките на ангажманот за промоција на домашната уметничка сцена, Францускиот институт во Скопје ја започнува културната сезона со инсталација и уметничка средба со Клелија Живковиќ.

На 23 септември, отворањето на изложбата во Францускиот институт во Скопје ќе биде проследено со отворен разговор меѓу уметницата, кураторката и публиката.

Кураторка на изложбата е Мелоди Робин

44

за уметникот

Клелија е родена во 1989 година. Таа е трансдисциплинарна уметница од Скопје, а нејзините увиди се базираат врз теоретски, материјални и експериментални искуства за личните органичувања, т.е. физичките, психолошките, емотивните и духовните бариери што ги среќава личноста додека се спознава себеси како битие кому му е потребен простор за контакт со околината.

Има учествувано на неколку групни изложби во Македонија и пошироко, а има освоено и повеќе награди. (извор)

45

За „страв од љубов“

Исткајани болки и родости

Постојат нишки што не можеме да ги видиме, а тие сепак нè поврзуваат.

За Клелија Живковиќ, овие нишки не се обични слики туку претставуват органи: живи, растегнати низ вековите и утробите, поврзувајќи едно тело со друго, една тага со една радост.

Во „Страв од љубов”, уметницата ги пренесува овие невидливи врски преку три елемента: звук, ткаење и физичко присуство. Оттука, уметницата изработува инсталација, којашто ја симболизира папочната врвца, низ која се прикажани нашите лични врски – и кон минатите генерации и кон сегашните, оние што нè опкружуваат овде и сега. Таа папочна врвца ја повикува публиката да ја допре, да влезе во неа, да биде заробена во јазлите од нежност, насилство и препуштање.


Воедно, звучна композиција се отвора како одаја на жалост во која се слуша одекот на исчезнувањето или, можеби, на нов живот? Исплетените врвци потсетуваат на една активност стара колку и самата цивилизација, носејќи ја тежината на историската улога на жените како ткајачки на животот на овој свет.

Преку оваа инсталација, Клелија Живковиќ прашува: какви светови градиме околу себе? И што се случува кога ќе ја напуштиме контролата, дозволувајќи и’ на љубовта да се појави во форми ослободени од стравот?

– Мелоди Робин, кураторка

Ве очекуваме!