
15 Окт Омаж на Жан-Пол Белмондо | 18.10.2021
Понеделник 18 октомври 2021 година, 20 часот |Кинотека на Северна Македонија
Омаж на Жан-Пол Белмондо
„До последен здив“ на Жан-Лик Годар (1960) со Жан-Пол Белмондо и Жана Сиберг
Кинотеката на Северна Македонија со омаж на на големиот француски актер преку проекција на еден од неговите култни филмови.

Вторник наутро, Марсеј. Мишел Поакар краде возило на американската армија и по автопат поаѓа во правец кон Париз. Изнервиран од еден Ситроен што не сака да претекне камион, Мишел претекнува среде кривина, а полицаец на мотор веднаш почнува да го следи. Мишел, во паника, пука во полицаецот и бега. Следното утро, пристигнува во Париз и ја запознава американската студентка Патрисија, со која започнува слободна љубовна врска. Таа сака да стане новинарка, а за да ги плати студиите на Сорбона, продава Њујорк Хералд Трибјун на Елисејските полиња…
* * *
Резервации во Кинотеката ; тел.: 2 30 71 814 ; 02 30 65 968 ; 02 306 59 68 ; мејл: kinoteka@ukim.edu.mk