11 Окт Недела на џезот | Џез фестивал во Битола « La Fabrique du jazz » | 20.10.2020
Музика од светот
Екслузивен концерт на Квартетот Cuareim и Наташа Роџерс
Вторник 20 октомври 2020, 20 часот | Центар за култура – Битола
Родриго Боза – виолина
Федерико Натан – виолина
Оливие Самујан – виола
Гијом Латил– виолончело
Наташа Роџерс – тапани, вокал
Оливие Самујан, музичар којшто неколку години свиреше за Филхармонијата на Северна Македонија, пред да замине за Франција, ќе настапи со Квартет Cuareim и волшебниот глас на Наташа Роџерс на Џез фестивалот во Битола, којшто се одржува со поддршка на Француската алијанса во Битола и Францускиот институт во Скопје.