Дигитална изложба ФАУНА I од 14.10 I Битола

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Дигитална изложба ФАУНА I од 14.10 I Битола

Фауна

Во рамките на проектот „Дигитални уметности, иновации и млади”, оваа изложба претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест.

„Фауна” е серија на постери во голем формат кои треба да се набљудуваат со апликација за зголемена реалност.

Поставени на јавен простор, постерите последователно се надополнуваат што нивното разгледување го прави налик на играта „потрага по изгубено богатство“.

„Оживувањето“ на постерите преку екранот, во збогатена реалност, овозможува да се открие некое животинче скриено во длабочината на пејзажот.

Oваа изложба нè учи да гледаме поинаку и повнимателно на она што не опкружува и да ја откриеме магијата на градот.

Со учество на Матје Пуле, уметник и актер, кој меѓу останатото, ќе одржи и семинар за наставници по француски јазик во Битола, како и креативни ателјеа за две групи ученици околу изложбата и презентација – превидена за 17 октомври 2025 година

Сабота 18 octobre 2025
Посета на изложбата „Фауна“ предводена од страна на Матје Пуле.