22 Ное Изложба „Со заеднички елан – од игри до дипломатија“ | 01.11.2024-27.12.2024
Петок 1 ноември 2024, 12 ч. I Универзитетски комплекс – УКИМ
Изложбата е отворена до 27.12.2024
По повод овогодишните Олимписки и Параолимписки игри, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Ректоратот на УКИМ, ја прикажуваат изложбата „Со заеднички елан – од игри до дипломатија“ за да се истакнат заедничките вложување за мир во политиката и атлетиката.
Славните личности во дипломатијата и Олимпијадите имаат една заедничка основа, посветеноста.
За лицата од светот на политиката и спортистите кои се предмет на оваа изложба се посветеноста е насочена кон мирот.
Човекови права, образование, еднаквост, солидарност, соживот… Овие жени и мажи се бореле или сè уште се борат против сите облици на дискриминација. Секој на својот терен. Секој во својот домен. Заедно, тие создаваат поттик и стануваат бранители на човековите права и мир во светот.
Од борба за женските права до заштитата на бегалците и детските права, овие портрети се осврнуваат на патот кој го минале овие личности за да потсетат на човековите права.
Изложбата ќе трае до крајот на 2024 година.