
03 Окт Модна изложба I МУЗИКАТА ВО МОДАТА I 6.11.2025
Модна изложба на креации на студентите од Академијата Изет Цури I Четврток, 6 ноември 2025 I 19 ч.
МУЗИКАТА ВО МОДАТА
На крајот од секоја академска година, најдобрите креации на студентите од Школата за стилисти и модни креатори „Изет Цури” се прикажуваат во форма на модна ревија отворена за публиката.
Селекција на модни креации ќе биде изложена во иззлогот на Францускиот институт во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена од страна на г. Изет Цури.
Потоа секој од учесниците на изложбата ќе може да се изјасни за своите извори на инспирација.
Оваа изложба се вклопува во идејата за валоризацијата на новите генерации модни креатори, истовремено отворајќи дијалог меѓу занаетчиските традиции и иновациите.
Изложбата ќе биде отворена за публика до 15 декември.