Дебата : Вештачката интелигенција во правосудството: можности и предизвици | 19.11.2026

Event Model

Дебата : Вештачката интелигенција во правосудството: можности и предизвици | 19.11.2026


Четврток 19 ноември 2026, 12h00 | Правен факултет „Јустинијан Први (хол)

ВИ во правосудството: можности и предизвици ?


Вештачката интелигенција постепено го менува функционирањето на правосудните системи, отворајќи нови можности за зголемување на ефикасноста на судовите, олеснување на пристапот до правото и поддршка на работата на судиитe. Сепак, нејзиниот развој отвора и суштински прашања поврзани со транспарентноста, одговорноста, заштита на податоците, алгоритамската пристрасност и почитувањето на основните права.

Во контекст на реформите што Северна Македонија ги спроведува на својот пат кон Европската Унија, оваа дебата ќе овозможи размена на француските и македонските искуства и практики, со цел да се разгледаат условите за етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција во правосудството, во служба на владеењето на правото.

Nos intervenants seront :

  • Г-ѓа Емануел Лодик Барон, заменик-директорка на Меѓународниот оддел на Националната школа за магистратура (ENM), експерт за прашања поврзани со дигитализацијата и вештачката интелигенција во обуката на судиите,
  • Г-ѓа Ана Гоговска Јакимовска, обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
  • Г-ѓа Тања Каракамишева Јовановска, универзитетски професор на Правниот факултет во Скопје
  • Г-дин Диме Галапчев, основач и директор на ФинкАП

Со симултан превод.

во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Националната школа за магистратура (ENM), Експертиз Франс и Амбасадата на Франција.