Дебата „Енергетска криза и решенија за иднината“ | 6.12.2022

Pozadina Debat Crise

Дебата „Енергетска криза и решенија за иднината“ | 6.12.2022

Дебата на идеи во рамките на Фондот д’Аламбер

„Енергетска криза и решенија за иднината“

Вторник 6 декември 2022 | 13 часот

Сала Иннофеит при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ул. Руѓер Бошковиќ, бр. 18)

Ве молиме за потврда на присуство на : culture@ifs.mk

Светот и Европа се соочуваат со голема енергетска криза наспроти која се принудени да започнат со транзиција за да ги сопрат погубните последици од глобалното затоплување.

Кои се решенијата за енергетски поефикасна иднина преку кои би се намалил ударот врз климата и животната средина?

Дали и во која мера можат обновливите енергии трајно да ги заменат фосилните горива?

Експертите ќе дебатираат на оваа значајна и актуелна тематика, а публиката ја покануваме на активно учество во истата.

Отворање: Г-дин Иго Бештел, советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје

Со учество на

  • Г-ѓа Михаела Жиртан, професорка на Универзитетот во Анже и експерт за обновливи енергии
  • Г-дин Антон Чаушевски, професор на Електротехничкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
  • Г-дин Ристо Филкоски, професор на Машинскиот факултет во Скопје и стручен советник на НВО „Центар за климатски промени“
  • Г-дин Виктор Андонов, советник за енергетски прашања во Владата на Северна Македонија


Модераторка: Г-ѓа Мила Јовановска, претседателка на НВО „Биди зелен“


Со симултан превод


Во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, Скопје