Регионална средба LabelFrancEducation | Букурешт, Романија | 9-11 мај 2024

Logo Label Franceducation 2017 1

Регионална средба LabelFrancEducation | Букурешт, Романија | 9-11 мај 2024

Францускиот институт во Скопје ќе го поддржи учеството на два ученика и еден професор од билингвалните паралелки кои го добиле брендот за квалитетна билингвална настава „ LabelFrancEducation“ во Северна Македонија. Средбата ќе се одржи од 9 до 11 мај во Букурешт, Романија.

Критериуми за пријавување :

За да се пријави, ученикот треба да ги исполнува следните критериуми: :

  • Да биде на возраст помеѓу 16 и 18 години во периодот на одржување на средбата.
  • Да поседува компетенции на јазичното ниво Б1

Како се аплицира :

За пријавување, ученикот треба да направи видео во времетраење од најмногу 3 минути во кое ќе одговори на следните прашања:

  • Зошто се има одлучено токму за франкофонската билингвалната паралелка?
  • Зошто би сакал/а да учествува на средбата?


Видеото треба да биде испратено на електронската адреса: education@ifs.mk, во mp4 формат, најдоцна до 1 март, 2024. При испраќањето, ученикот треба да наведе име, презиме и датум на раѓање како и класот и училиштето преку кое се пријавува.


Резултатите од изборот ќе бидат соопштени најдоцна до 8-ми март. Францускиот институт во Скопје ќе обезбеди еднаква застапеност на учесници од двата пола при селекцијата.

Патот е покриен од Францускиот институт во Скопје, а трошоците за сместување и храна од страна на Францускиот институт во Романија.

Избраните ученици се обврзуваат да ја следат целата предложена програма и се согласни за преземање и објавување на слики од страна на организаторите и страните учесници.

Професорот ќе ја следи обуката приредена од TV5Monde и се обврзува да ја пренесе содржината на оваа обука на своите колеги како и да учествува во активностите TV5Monde на Францускиот институт во Скопје.