Концерт „Француски бакнеж“ на триото „Ана Кап“ | 11.02.2022

Ana Cap Site

Концерт „Француски бакнеж“ на триото „Ана Кап“ | 11.02.2022

Петок 11 февруари 2022, 20 часот | Голема сала на Филхармонија

Триото Ана Кап, во состав Жан-Мишел Троту (хармоника), Мануел Декок (виолина) и Пјер Мије (мала хорна), постои од пролетта 2009 година.

Ана Кап изведува и сопствени композиции, чиј мелос се движи на границите помеѓу џез, балкански орнаменти и свежи ноти на кабаре музика.

Пред да го издаде петтиот албум, во периодот од  15 февруари до 1 март 2020 година, триото престојуваше во Северна Македонија и соработуваше со Македонската филхармонија. Благодарение, пак, на поддршката на Регионот Нормандија, триото ги покани Џијан Емин и Стринг Квартетот (Бојан Илкоски, Марија Трајковска, Оливие Самујан и Марија Михајловска) да бидат дел од албумот. Десетина оригинални композиции, компонирани од триото Ана Кап, и два наслова на Оливие Самујан се најдоа помеѓу насловите на овој албум. Токму благодарение на спојот на француско-македонските културни врски, низ кои секоја страна ужива во инаквоста на другиот, албумот содржи една нова музика со широк музички спектар и балканско музичко влијание.

Триото Ана Кап повторно во Скопје со концерт по повод празникот Свети Валентин, насловен „Со љубов од Франција”.

Концерт што не смее да се пропушти!

Настанот се организира во соработка со Македонска филхармонија.