01 Фев Концерт на Карим Блал трио на Фабрика Џез Фестивал во Битола
Четврток 16 април 2026 | 20h | Народен театар Битола
Концерт на карим блал трио
Во рамките на Џез Фабрика фестивал
Роден во Рим, Карим Блал започнал да учи пијано на 6-годишна возраст и продолжил со тоа сè до крајот на основното образование.
Подоцна, тој го посетува музичкото училиште ЦИЈАК, каде се усмерува на џез и учи за големите имиња во тој жанр.
На 20 години заминува за Хаг со цел да го заврши своето образование на Кралскиот конзерваториум, на кој дипломира во 2006 година. Таму, меѓу другото, ја следи и наставата на Бери Харис.
Карим се враќа во Рим, каде ја започнува својата кариера, а од 2012 година живее во Париз и своето време го посветува на педагошка дејност, компонирање и концерти.
Музиката на Карим е длабоко инспиративна, жива и софистицирана во вистинска смисла на зборот.
Таа воспоставува вешт баланс кој ја прави истовремено достапна и отворена за доживување и толкување на повеќе нивоа.
Веќе признаен од големите музички уметници, Блал настапувал рамо до рамо со Ари Хоениг, Ханс Глависчниг и Е.Џ. Стрикленд, како и со бројни италијански музичари.
Освен тоа, добитник е и на наградите за најдобра група и најдобар пијанист на фестивалот Тушија ин Џез во 2009 година.


