Омаж на Денот на Примирјето, 11 Ноември | 9 – 11.2022

Pozadina Bitola Jourdelarmistice2022

Омаж на Денот на Примирјето, 11 Ноември | 9 – 11.2022

Среда 9 ноември 2022, 17 часот | Општина Битола

Свечено отворање на две репродукции на дела од францускиот сликар Жан Пејрисак

Жан Пејрисак, роден во Кахор на 29 септември 1895 година и починат на 18 јуни 1974 година во Париз, е француски сликар и ликовен уметник.

Првата светска војна ги прекинува неговите студии по медицина. Во 1914 година, всушност, се пријавил како доброволец во 64-от артилериски полк на Тулуз, се борел на фронтовите во Артоа, Лорен, потоа во 1917 година, на македонскиот фронт: Солун, Монастир. Во 1918 година, заболел од маларија и жолтица, а во наредните шест месеци закрепнува во Ница каде што црта и го запознава карикатуристот Сем, пред да се врати во Каор.

Има 19 години и соочувањето со смртта остава длабоки траги кај него.

Затоа, по завршувањето на војната, тој ги напушта студиите за да се посвети на своите страсти, цртежот и сликарството. Во 1920 година се преселува во Алжир. Таму се дружи со  Маркет. Работи како автодидакт се до 1956 година, без воопшто да посетува студио. Сепак, севкупниот негов труд покажува дека и покрај неговата географска оддалеченост, Пејрисак бил близок до уметничките струи од првата половина на 20 век: кубизмот, конструктивизмот, надреализмот. Има богата библиотека од неколку стотици книги и списанија за историјата на умтеноста.

           .
Во едно од неговите дела тој го отсликува Стариот град на Битола за време на Источниот фронт. Со договор на носителите на правата, работилницата „Солац“ во Битола изработи голема фреска врз основа на едно негово дело. Фреската ќе биде трајно поставена во моето Градско собрание во Битола.

Со поддршка на Францускиот институт во Скопје и Француската алијанса во Битола.

Jean Peyrissac

Среда 9 ноември 2022, 18 часот | Кино „Манаки“

Мултимедијален настан во чест на 11 Ноември, Денот на Примирјето

„Битола, вчера и денес / фрагменти“   

Со учество на г-ѓа Стефани Пејрисак, галеристка, професорите по историја Иљо Трајковски и Ерик Алар и на ученици од Битола.

Режија: г-ѓа Софија Ристевска-Петрушева

Не пропуштајте!