15 Фев Одбележување на Франкофонијата | Проекција на филмот „Совршената дадилка“ | 4.03.2021
Одбележување на Франкофонијата
Четврток 4 март 2021, 20:00 ч. | Кинотека на Северна Македонија
Проекција на филмот екранизација на истоимениот славен роман на Лејла Слимани за којшто авторката доби Гонкурова награда
„Совршената дадилка“
на Лиси Борлето (2019, 1h40), со Карин Вијар, Лејла Бекти и Антоан Рајнхард
Пол и Мирјам имаат две мали деца. Тие ја ангажираат Лујза, искусна дадилка, со цел Мирјам да може да се врати на работа. Лујза е посветена, совесна и лојална, и прави сè за да стане неопходна во семејството. Но набрзо однесувањето на Лујза станува вознемирувачко.
Пред проекцијата, ќе се одржи промоција на истоимениот роман од страна на издавачот Антолог, чие издание беше поддржано од страна на Францускиот институт во Париз, во рамките на програмата за поддршка на издавачката дејност во други земји.