Генерација LabelFrancEducation | Престој 2023 во Франција за ученици од билингвалните франкофонски паралелки

Labelfranceeducatuonvichy

Генерација LabelFrancEducation | Престој 2023 во Франција за ученици од билингвалните франкофонски паралелки

Второ издание на јазичен, културен и спортски престој во јули 2023, во Виши, Франција, за ученици од франкофонските билингвални парлелки во средни училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation

Француското Министерство за Европа и надворешни работи нуди јазичен, културен и спортски престој, организиран од Центарот за јазици и медиуми Centre d’approches vivantes des langues et des médias (CAVILAM) во месец јули 2023, во Виши, Франција, за ученици од франкофонските билингвални паралелки во средните училишта кои го имаат добиено брендот за квалитет на билингвалната настава, LabelFrancEducation.

На овој престој ќе учествуваат 36 млади од различни земји.

Еден ученик франкофон од Северна Македонија (препорачано ниво на француски јазик Б1), на возраст од 16 до 18 години, ќе биде избран помеѓу кандидатите кои ќе се пријават.

Начин на учество:

1. Направете кратко видео  (максимум 2 минути)

За да се пријави, кандидатот треба да направи кратко видео кое ќе одговори на следниве прашања:  

  • Зошто сакате да учествувате на оваа средба на ученици од средни училишта кои го имаат добиено брендот LabelFrancEducation?
  • Кои се предностите за еден ученик во франкофонска билингвална паралелка?
  • Зошто би сакале да престојувате во Виши, во Франција?

2. Испратете биографија (CV)

Видеото треба да се испрати заедно со биографија (CV) ) напишано во формат Europass (https://www.cv.fr).

Прецизирајте ги јасно името на вашето училиште, вашата дата на раѓање и во која година средно училиште сте запишани во моментот.

Двата документи на француски јазик треба да бидат испратени преку веб сајтот https://wetransfer.com на електронската адреса education@ifs.mk најдоцна до 14 април 2023.