Изложба и уметничка средба | „Низ нишките на времето“ | до 5 март 2025

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Изложба и уметничка средба | „Низ нишките на времето“ | до 5 март 2025

Ткаено наследство и традиција во современата мода со Изабела Соколовска и Еснаф

Четврток, 6 февруари 2025 | 18 :00 | Француски институт во Скопје

Резервирајте го вашето место за настанот

„Низ нишките на времето“

Изложба и уметничка средба со Изабела Соколовска, ЕСНАФ

Занаетот во чест на Францускиот институт во Скопје!

Нурнете се во униканиот универзум на занаетчиските вештини со изложбата на франкофонската уметница и основач на компанијата Еснаф, Изабела Соколовска.

Изложени ќе бидат рачно ткаени ремени како и други производи во излоготна Францускиот институт во Скопје, а изложбата ќе биде придружена со уметничка средба и дебата околу изложените дела и процесот на создавање.

Основана во 2018 година од страна на Изабела Соколовска, Еснаф е мал бизнис посветен на вреднувањето и промоција на занаетчиството.

„Еснаф’ исто така ги поддржува занаетчиите преку модел на фер трговија (Esnaf fair-trade), обезбедувајќи им редовни приходи за нивните креации.

Изложените дела, сите рачно ткани, ги спојуваат традицијата и современоста, поставувајќи идеална рамнотежа помеѓу наследството и уметничката иновација.

Не пропуштајте го овој настан кој го слави занаетчиството во секаков облик!

*


Во рамките на ангажманот за промоција на локалната уметничка сцена, Францускиот институт во Скопје ќе организира изложби и уметнички средби низ целата 2025. година за дела со дела кои ќе бидат изложени во витрината.Ќе имате можност да погледнете изложба во нашето изложбено место, и да присуствувате на интересна дебата за изложените дела.

Аплицирајте на нашиот отворен повик за проекти и бидете дел од оваа прекрасна уметничка авантура, испраќајќи ја вашата кандидатура до 28 февруари 2025.

Изложете ваши дела во витрината на Францускиот институт во Скопје

Screenshot 2025 01 11 114046

Галерија од отворањето на изложбата