Лабораторија за дезинформации: создавај, анализирај, спротивстави се | 30.11-04.12.2026

Event Model (1)

Лабораторија за дезинформации: создавај, анализирај, спротивстави се | 30.11-04.12.2026

Француско-германски проект

Лабораторија за дезинформации: создавај, анализирај, спротивстави се

„Désinfo’Lab – создавај, анализирај, спротивстави се“ е креативна работилница која ги поттикнува младите да развиваат критичко размислување и да се справуваат со предизвиците на дезинформациите.

Во организација на Францускиот институт во Скопје и Институтот Гете, овој француско-германски проект обединува уметници, новинари, истражувачи и студенти низ театарски работилници, работилници за дигитална уметност, уметничка критика и медиумска писменост.

Поврзувајќи ги креативноста, анализата и граѓанскиот активизам, Désinfo’Lab нуди нови начини на разбирање на механизмите на манипулација со информации и создавање на контранаративи.

Работата на учесниците ќе резултира со театарска претстава, изложба, емисија посветена на уметничката критика и телевизиска дебата.

Оваа несекојдневна иницијатива ја става културата во центарот на одбраната на демократските вредности и европскиот дијалог.

Со учество на Арно Вивјан, книжевен критичар, Ема Попи, уметница, и Жером Вилијам Батионо, новинар специјализиран за теми од областа на животната средина.